Ракомет

Алкалоид има постигнато најмногу погодоци, Охрид ја има најдобрата одбрана!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По девет одиграни кола во ракометната Суперлига правиме кратка анализа на табелата и на постигнатите резултати.

По девет кола Алкалоид е единствениот непрозен тим со максимални 18 бодови на своето конто со девет од девет. Екипата од Автокоманда предводена од Кирил Лазаров го има најефикасниот напад со постигнати 322 погодоци.

Охрид е втор со 16 бодови на своето конто со скор од осум победи и само еден пораз од шампионот Еурофарм Пелистер, со тоа што „гладијаторите“ ја имаат најдобраната одбрана која примила само 209 погодоци.


На третото место со 16 бодови е Вардар кој има исто така скор од осум победи и еден пораз.

На четвртото место е шампионот Еурофарм Пелистер со седум победи и два порази, битолчани го имаат вториот најефикасен напад со 294 постигнати погодоци, а воедно ја имаат втората најдобра одбрана со примени 215 погодоци.

На петтото место е Бутел со 12 бодови и со тоа скопскиот тим веќе го обезбеди речиси сигурно местото за плеј-офот.

Трката за последното место за плеј-офот ќе ја вода повеќе екипи односно Тиквеш, Прилеп и Пролет. Трите екипи се блиску една во однос на друга. Тиквеш е на шесттото место, место кое води во плеј-офот со седум бодови, а толку бодови има и Прилеп кој е на седмата позиција, додека па Пролет со шест бодови е на осмото место.

На деветтото емсто со четири бодови е Куманово, а пак четири бодови има и Струга која е на десеттото место. На претпоследното 11-то место е дебитантот Фруитленд Борец од Велес со три бодови, а на дното е повратникот Радовиш со само еден освоен бод од девет кола и единствен тим кој нема триумф.

Од друга страна Радовиш е првиот тим кој прими над 300 погодоци подочно радовишани имаат примено 309 погодоци или во просек нешто над 34 погодоци, а го имаат и најслабиот напад кој постигнал 209 погодоци или минус 100 гол разлика

Во слична ситуација е и велешкиот тим од аспект на статистиката со 214 постигнати погодоци што е втор најлош напад и примени 292 гола што е втора најлоша одбрана после радовишката.


Викендот ќе се одиграат натпреварите од 10. коло, а потоа ќе следува ЕХФ недела, па истата ќе биде добредојдена за некои екипи кои имаат густ распоред со европските натпревари, а за екипите од долниот дел на табелата момент за здив и период кога ќе треба да размислат како да се консолидираат и што да прават кога се во прашање целите, како истите да се исполнат.

Доправа доаѓаат вистинските предизвици со плеј-офот и плеј-аутот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!