Втора лигаФудбал

Бафто ќе го суди дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница, Младеновски оди во Велес, Смоквоски главен во Куманово

Сподели
Сподели

Во сабота ќе се одиграат натпреварите од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари кои ќе започнат во 13 часот.

Дејан Младеновски ќе биде главен во Велес каде ќе им суди на Борец и Вардар Неготино, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на дербито на колото кое го играат Македонија ЃП и Брегланица, дерби на двата лански прволигаши кое се игра во Ѓорче.

Дарко Котевски ќе им суди на Арсими и Детонит Плачковица, Владимир Ѓорѓиевски биде главен судија на мечот меѓу Беласица и Кожуф, а пак Александар Урошевиќ ќе им суди на Охрид и Скопје.


Кирил Смоквоски ќе биде главен во Куманово каде ќе играат Башкими и Осогово, Марјан Дејаноски ќе биде задолжен за правдата на дуелот Победа и Вардарски, а пак Александар Василевски ќе им суди на Новаци и Каменица Саса.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 11. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Борец – Вардар Неготино, Дејан Младеновски (Скопје)
Македонија ЃП – Брегалница, Фатмир Бафто (Охрид)
Арсими – Детонит Плачковица, Дарко Котевски (Битола)
Беласица – Кожуф, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Охрид – Скопје, Александар Урошевиќ (Тетово)
Башкими – Осогово, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Победа – Вардарски, Марјан Дејаноски (Кичево)
Новаци – Каменица Саса, Александар Василевски (Скопје)


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!