Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адем Мекиќ: Спојот на младоста и искуството ќе донесе позитивни резултати

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Летото Адем Мекиќ, заедно со капитенот Андреј Магдевски и повратникот Џејкоб Вајли, беше означен како еден од носителите на обновениот состав на нашата сениорска репрезентација.

Сепак, повредата на мечот со Унгарија го спречи да настапи во следните натпревари – со Романија на гостински терен и со Унгарија на домашен.

Сега, тие проблеми се зад него, а искусното крило се чувствува подготвено да го даде својот максимум во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, во кој се предвидени два натпревари. Првиот меч е со Азербејџан, на 27 ноември во СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 19 часот. Вториот меч е три дена подоцна, на 30 ноември, против Ирска.

„Како што е веќе познато, секој циклус носи нов состав. Се надевам на одлична тимска хемија, бидејќи овој пат имаме спој на младост и искуство. Играчите како Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски и Андреј Јакимовски ја прават екипата посилна на хартија отколку летоска. Пред сè, сме поискусни и подоминантни. Се надевам на добри игри и позитивни резултати“ – истакна Мекиќ.

Тој додаде дека домашниот терен мора да се искористи уште на првиот меч со Азербејџан.

„Првиот меч го играме дома, што е голем плус за нас. Овој циклус е таков каде нема многу време за тактика, па ќе одлучува тимската хемија и енергијата. Противникот игра цврста кошарка, но сум сигурен дека тренерите ќе ни обезбедат сите потребни информации за да влеземе подготвени“ – додаде Мекиќ пред почетокот на ФИБА „прозорецот“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Последни подготовки на Македонија У17, утре следува првиот меч против Унгарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денес имаше интензивни подготовки за...

Останати репрезентацииРепрезентација

Димовска и Узеир обезбедија медали на Европското во Скопје и ќе се борат за финале

Марија Димовска и Нелсон Узеир изборија полуфинале на Европското првенство во кик-бокс...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!