РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Последни подготовки на Македонија У17, утре следува првиот меч против Унгарија

Сподели
Сподели



Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денес имаше интензивни подготовки за утрешниот прв предизвик против репрезентацијата на Унгарија.

Натпреварот е закажан за во 10 часот наутро по македонско време, а репрезентативците на селекторот Иљами Исејни денес ги одработија последните подготовки пред утрешниот прв натпревар.

Спортска Мрежа ексклузивни низ кратки видео секвенции ви носи дел од тренингот на нашата репрезентација на турско тло.

Македонија покрај со Унгарија ќе гира и со Сан Марино и домаќинот Турција, а целта е пласман меѓу првите две репрезентации во групата и обезбедување место во Лига А од втората квалификациска рунда.

По Унгарија ќе следува мечот со Сан Марино кој ќе се игра на 14 ноември од 10 часот, а пак последниот натпревар ќе биде против Турција од 12 часот закажан за 17 ноември.

Според квалификацискиот формат на УЕФА за Европското првенство до 17 години, двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во втората квалификациска рунда – Лига А. Останатите две селекции, односно третопласираната и четвртопласираната репрезентација, ќе продолжат во Лига Б.

Во втората квалификациска рунда, која ќе се игра во пролетта 2027 година, 28-те репрезентации во Лига А ќе бидат поделени во седум групи. Победниците на групите ќе обезбедат пласман на завршниот турнир на Европското првенство, каде што ќе им се приклучат домаќините Летонија. Завршниот турнир на УЕФА Европското првенство за репрезентации до 17 години е предвиден за периодот од 24 мај до 6 јуни 2027 година.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Последни подготовки на Македонија У17, утре следува првиот меч против Унгарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денес имаше интензивни подготовки за утрешниот прв предизвик против репрезентацијата на Унгарија. Натпреварот е закажан за...

Останати репрезентацииРепрезентација

Димовска и Узеир обезбедија медали на Европското во Скопје и ќе се борат за финале

Марија Димовска и Нелсон Узеир изборија полуфинале на Европското првенство во кик-бокс во Скопје. Двајцата обезбедија најмалку бронзен медал во лоу кик, а...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Димовска и Узеир обезбедија медали на Европското во Скопје и ќе се борат за финале

Марија Димовска и Нелсон Узеир изборија полуфинале на Европското првенство во кик-бокс...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!