Ракомет

Охрид од првиот шешир ја очекува ждрепката во ЕХФ Купот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид оди напред со максимална самодоверба во ЕХФ Европскиот Куп, откако двата меча против Слога Добој ги реши со убедливи +42. Со ваков резултат, „гладијаторите“ веќе мислат на ждрепката и на предизвиците што ги очекуваат на пролет.

Пласманот меѓу најдобрите 16 е најголемиот успех во европската историја на клубот, а местото во првиот шешир носи и значајна предност. Сепак, желбите за уште посилен пробив се очигледни – посебно кога во игра се потенцијални ривали од различен калибар.

Иако тимот може да добие противник од рангот на Баку и Слога, можно е и судбината да ги спои со многу потврди екипи. Најнепосакувани се унгарските Татабања и Балатонфуреди, додека Бешикташ се смета за тим што е минлив, но подобро би било да се избегне во оваа фаза.

Од другите опции, Охрид може да се сретне со чешките Дукла Прага и Брно, босанските Коњух Живинице и Извиѓач Љубушки или финскиот БК46 – ривал кој би бил вистински „џекпот“ за македонскиот претставник.

шешир 1: Охрид, Карвина, Бурса, Целје, Олимпијакос, Рунар, Бузау, Тримо

шешир 2: Татабања, Дукла Прага, Брно, Коњух Живинице, Бешикташ, БК46, Извиѓач Љубушки, Балатонфуреди

ЕХФ Европски Куп, мажи, 3 коло, резултати:

Охрид – Слога Добој 37-19, 42-18

Бешикташ – ПАОК 30-25, 24-29

Татабања – Сур Арау 40-33, 27-25

Будванска Ривиера – Тримо Требње 23-33, 20-36

Бузау – Макаби Тел Авив 36-33, 40-33

Олимпијакос – Касано 25-20, 29-26

Брно – Берхем 27-25, 27-24

Карвина – Тирол 43-25, 40-33

Војводина – Целје 34-32, 32-34 пен. 0-3

Сасари – Коњух Живинице 28-36, 28-28

Дукла Прага – Драма 27-20, 31-30

Бурса – Диферданж 35-29, 34-34

Рунар – Свиеса 36-30, 36-33

Извиѓач – Дуделанж 29-27, 32-29

Фиверс – Балатонфуреди 31-34, 29-32

Полва Сервити – БК46 28-27, 27-31

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!