РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов: Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекуваат гостување против Шкотска во Глазгов и дуел со Словенија на домашен терен, а своите очекувања ги сподели повратникот во националниот тим, Дарко Чурлинов.

„Секогаш ми било чест да играм за овој дрес и секогаш ќе давам максимум. Се надеваме на најдоброто. Нормално дека ќе анализираме и ќе се обидеме сето она што тренерот ќе ни го каже да го пренесеме на теренот“, истакна Чурлинов.

Крилниот фудбалер смета дека добрата минутажа што репрезентативците ја имаат во своите клубови може да биде значаен фактор во претстојните предизвици.

„Минутажата во клубот е многу битна и таа енергија се пренесува и овде. Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа, и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на овие два натпревари“, додаде македонскиот репрезентативец.

Чурлинов верува дека Македонија има квалитет да се надигрува со секој противник, без разлика на имињата и индивидуалниот потенцијал на спротивната страна.

„Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски. Денеска нема репрезентација што не може да се победи, така што тоа треба да го покажеме на теренот“, порача Чурлинов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Данев: Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември во Нови Сад ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија. Дуелот ќе...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов: Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски!

Репрезентацијата на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!