Втора лигаФудбал

Кочоски: „Нема калкулации – одиме по шеста победа по ред против радовишани!“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Ромео Кочоски, тренер на Охрид
Сподели

Охрид во вторник ќе ја продолжи својата импресивна резултатска серија во рамки на вонредното 14. коло од Втората лига, каде на „Билјанини Извори“ ќе го пречека Детонит Плачковица. Ова е претпоследно есенско коло, а охриѓани влегуваат како фаворити со пет последователни триумфи и сериозна игра што ги врати во самиот врв на табелата.

Радовишани, пак, ќе се обидат да „го препливаат Охридското Езеро“ и да се вратат дома со бодови – нешто што ниту една екипа не успеа да го направи – „рибарите“ дома немаат пораз.

Тренерот на Охрид, Ромео Кочоски, за Спортска Мрежа го најави овој важен натпревар и ја истакна амбицијата за продолжување на победничкиот ритам.

„Играме во добра форма, врзавме пет последователни победи. Во вторник ја пречекуваме екипата на Детонит Плачковица, доста добра и цврста екипа, која сезонава одигра доста квалитетни натпревари. Но нашите планови и амбиции оваа година се високи па во вторник нема да калкулираме и ќе го дадеме максимумот за да ја забележиме и шестата победа по ред ,а со тоа и да останеме во врвот на табелата“, изјави тренерот на Охрид, Ромео Кочоски за Спортска Мрежа.

Со играта што ја покажуваат последните недели, Охрид влегува во дуелот како тим во најдобра форма во лигата. Шестата победа по ред би значела огромен чекор кон тоа Охрид да биде есенски шампион, дополнителна потврда дека охриѓани имаат сериозни амбиции оваа сезона – влез во Прва лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!