Ракомет

Стабилно издание на Бутел и убедлива победа против Радовиш!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Скопски Бутел ја потврди фаворитската улога и со убедлива победа од 36-20 ја зацврсти трката за место во разигрувањето за титулата. Радовиш, и покрај желбата да се спротивстави, остана без бодови и ја продолжува тешката битка за опстанок во елитата.

Гостите од Радовиш добро го отворија мечот и до 16. минута имаа резултатска рамнотежа (7-7), но Бутел токму тука ја презеде контролата. Прво се одлепи на 10-7, а потоа и на 16-10 во финишот од првото полувреме — момент кога отпорот на Радовиш почна да попушта.

Продолжението донесе уште поубедлива игра на скопјани. За само неколку минути предноста порасна на „плус 10“ (22-12), а во текот на вториот дел Бутел рутински ја зголемуваше разликата, достигнувајќи максимални +16 за конечни 36-20.

На табелата Бутел сега има 13 бода, еден повеќе од Еурофарм 2 и еден помалку од Тиквеш — три екипи кои остануваат во тесна борба за двете места што носат пласман во Топ-6.

Кај победниците најдобар беше Димитар Узунчев со дури 11 погодоци, а Јапонецот Козаки додаде уште пет. За Радовиш најпрецизни беа Васе Петров и Славе Јанковски со по четири гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во третото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16...

Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Анкара, откако во три сета беше поразена...

Поврзани написи
Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!