Втора лигаФудбал

ФК Преспа: Ќе се бориме до крај, бодот од Радовиш неправедно не смее да ни биде одземен

Сподели
Сподели

ФК Преспа од Ресен се огласи со официјално соопштение по поднесената жалба на Детонит Плачковица, која бара натпреварот од 13. коло да биде регистриран со службени 3:0 поради наводна неправилна измена на играч до 21 година.

Според информациите што ги објави Спортска Мрежа претходно, клубот од Радовиш смета дека Преспа осум минути играла со двајца, а не со тројца млади играчи, што е спротивно на пропозициите.

Од Преспа категорично ја отфрлаат оваа интерпретација и тврдат дека сите промени биле во согласност со правилникот на ФФМ. Клубот достави свое јавно соопштение, во кое детално ја објаснува ситуацијата и испраќа силна порака дека нема да дозволи неправедно да биде казнет.

  • СООПШТЕНИЕ НА ФК ПРЕСПА

“Во пресрет на натпреварот во Радовиш на ден 21.11.2025 година противник ни беше екипата на Детонит Плачковица, во еден фер и коректен натпревар со резултат 1:1, наш прв бод во гости! Поднесена е жалба од домашната екипа и е објавена по порталите за неправилна замена, ние натпреварот го започнавме со тројца играчи и го завршивме истиот со тројца играчи до 21 година според правилникот на официјалната страна на ффм! Никаде не е нагласено дека мора да на сите 90 минути да имаме тројца играчи на терен до 21 година!

Нашата борбра е за опстанок и секој бод ни е потребен нема да дозволиме да ни биде оддземен ке одиме до крајност! Жално е на децата кои изгинаа на терен да му се одземи бод кој можи многу да ни значи. Спортски поздрав до домакините за фер и коректниот натпревар”, се вели во соопштението на ФК Преспа од Ресен.

Фудбалската федерација на Македонија сега е на потег — Натпреварувачката комисија ќе треба да ги разгледа двете страни и да донесе конечна одлука.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!