Ракомет

„И покрај големата разлика, доаѓаме сериозно“ – најавата на Бабачев пред мечот во Градишка

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Екипата на Охрид, денес во 18 часот, во Градишка ќе го одигра реваншот од 3. коло во Купот на ЕХФ против Слога Добој. По убедливата победа од 37-19 на домашен терен, охриѓани заминуваат со комотна предност од 18 голови, но нема простор за потценување.

Асистентот на Борис Ројевиќ, Наум Бабачев, истакна дека екипата пристапува максимално сериозно кон реваншот. Дури и со големата резултатска предност, направени се видео анализи, одредени играчи добија одмор за наредните натпревари, а вниманието веќе е насочено и кон дуелот со Вардар, следниот викенд.

„По пристигнувањето на екипата во Добој, направени се видео анализи..и покрај големата разлика на голови од првиот меч, сепак дојдовме тука со сериозен пристап да го одиграме и овој натпревар. Исто така, морам да споменам дека има и освежување во екипата, одредени играчи добија одмор бидејќи после овој, ни следат сериозни натпревари. Притоа го најавувам натпреварот со Вардар, следниот викенд во спортската сала ,,Билјанини Извори”, на којшто се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат.“- изјави Бабачев.

Реваншот меѓу Охрид и Слога Добој се игра денес во 18:00 часот во Градишка, а македонскиот тим ќе настапи со комотна предност од 18 голови, но со максимално сериозен пристап за да го потврди пласманот во следната рунда на Купот на ЕХФ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!