Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со официјална жалба: Преспа направила неправилна измена на играч до 21 година

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш поднесе официјална жалба до Натпреварувачката комисија на ФФМ за натпреварот против Преспа, одигран на 21 ноември во рамки на 13. коло од Втората македонска фудбалска лига. Мечот заврши со резултат 1:1, но домаќините сметаат дека дошло до сериозна повреда на правилата.

Според клубот од Радовиш, Преспа направила неправилност при измена на играчи до 21 година, што претставува прекршување на член 206 од Пропозициите за натпреварување на ФФМ. Во жалбата стои дека, врз основа на официјалниот записник, измениците во оваа категорија не биле регуларно спроведени.

Според записникот во 56. минута од играта, на теренот правилно излегол играч со број 8 и влегол број 15 (исправно), но во 75. минута излегол играч со број 9, а влегол играч со број 16 – што клубот го смета за неисправна измена согласно старосната категорија до 21 година. Односно играле 8 минути со двајца млади играчи под 21 година, наместо со тројца како што налагаат пропозициите, правило кое што го користат сите клубови во лигата.

  • ОФИЦИЈАЛНАТА ЖАЛБА НА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА:

Поради ова, раководството на Детонит Плачковица бара натпреварот да биде регистриран со службени 3:0 во корист на нивниот клуб.

Жалбата е официјално поднесена и заверена на 22.11.2025 година, и сега останува Фудбалската федерација на Македонија да ја разгледа и да донесе одлука.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!