Ракомет

Младост е непоразен лидер и не го запира ништо – Мулти Есенс најблиску до челната позиција!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По десет одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од Богданци е на врвот од табелата со максимални 18 бодови и девет од девет – непоразен лидер кој игра фантастичен ракомет и цели кон шампионска титула и влез во Суперлигата.

Најблиску до лидерот е Мулти Есенс, кој дефинитивно е главниот конкурент на Младост со 16 бодови учинок од осум победи и само еден пораз токму од Младост.

Вардар Неготино е трет со 14 бодови, а толку има и Драчево Јуниор кој е четврти, додека пак Јехона, Македонија ЃП и Текстилец со по десет бодови го делат петтото место.

Аеродром и Овче Поле го делат осмото место со по осум бодови, Партизан е десетти со седум бодови и веднаш пресек каде Преспа е на 11-тото место со два бодови, а толку има и Шампион кој е претпоследен, а на дното е Кичево со минус еден бод.

Најдобар стрелец е Адис Салиу од Јехона со 82 погодоци, а пак Текстилец има два ракометари кои се на второто односно третото место на листата на најдобри стрелци – се работи за Јован Атанасовски кој има 75 гола и Филип Џинес кој има 73 гола, а толку има и Даниел Андоновски, ракометарот на Младост кој сигурно е дека во следните кола ќе избие на челната позиција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!