Ракомет

„Ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно, но ќе се обидеме“ – Гарабаја најавува борбен реванш со ПИК Сегед!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Со скоро комплетен ростер и голем ентузијазам, ракометарите на Еурофарм Пелистер го подготвуваат вториот дуел со унгарскиот гигант ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Пред патот за Унгарија, тренерот на Пелистерци- Рубен Гарабаја, го сподели својот поглед на предизвиците што ги очекуваат.

Гарабаја истакнува дека тимот е задоволен од победата во првиот дуел, но предупредува дека реваншот ќе биде значително потежок. Тој верува дека тимот постепено се враќа на вистинскиот пат по повредите на стартот од сезоната и очекува уште поголем напредок.

„Секогаш е убаво кога се добиваат натпревари во Лигата на шампионите. Тоа можат да го прават само топ-тимови од континентот. Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко од првиот меч, тоа е сигурно. Добро е што полека се враќаме после сите оние потешки повреди на стартот од сезоната. Тимот е скоро комплетен и ќе можеме да имаме поширока ротација. ПИК Сегед исто така се мачеше со одредени повреди, ќе видиме што ќе се случи.Имаме голем простор за уште поголем напредок, мислам дека сликата за тимот е комплетна и очекувам да играме подобро со секој изминат натпревар. Не е време за конечниот расплет во групата, сега се фокусираме само на следниот натпревар. Ако можеме, сигурно ќе се бориме за пласман во втората рунда.“- изјави Гарабаја.

После победата над Сегед на домашен терен, Еурофарм Пелистер заминува во Унгарија со самодоверба и подготовка за предизвиците што ги очекуваат. Гарабаја верува дека тимот е во подем и се подготвен да го покаже својот максимум против ПИК Сегед. Натпреварот од Лигата на шампионите, ќе се одигра на 20.11.2025 (четврток), со почеток во 18:45 часот во „Pick Aréna“ во Сегед.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!