Втора лигаФудбал

Беласица подготвува свеченост за легендата Костадин (Дине) Секулов – 337 настапи, 33 гола, 14 сезони верност

Сподели
Сподели

ФК Беласица ги известува до сите љубители на фудбалот во Струмица дека во петок, пред натпреварот со Новаци, ќе се одржи мала свеченост во чест на играчите кои влегуваат во ТОП 10 по број на настапи за клубот од неговото формирање до денес.

Овојпат, клубот ќе му оддаде посебна почит на легендарниот стопер Костадин (Дине) Секулов, кој се наоѓа на четвртото место на вечната листа со вкупно 337 првенствени настапи и импресивни 33 голови – рекорд за одбранбен играч во историјата на Беласица.

Во петок, пред почетокот на натпреварот, претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда ќе му врачи плакетa и врамен дрес со неговото име и бројот на настапи, како дел од проектот за одбележување на фудбалските великаните кои го носеле клубот низ децениите.

Кариера за респект

  • Дебитира за Беласица есента 1974 година, на само 16 години, против Брегалница Штип.
  • Првиот гол го постигнува истата есен, против Борец Велес.
  • Помеѓу 1983–1987 е еден од најдобрите стрелци на тимот во Втората југословенска лига – Исток, со 17 голови.
  • Во сезоната 1983/84, со 7 гола, е најдобар стрелец заедно со Пане Блажевски.
  • Капитен на Беласица во периодот 1984–1988.
  • Во шампионската сезона 1987/88 придонесува со уште 7 гола.
  • Последниот натпревар го одигрува против ОФК Кикинда во пролетта 1989 година, во Прва Б Југословенска лига.
  • Во 11 сезони одигрува најмалку 25 првенствени натпревари – доказ за неговата константност и посветеност.

Многумина го сметаат Костадин Секулов за еден од најдобрите центархалфови во историјата на клубот, пример за дисциплина, борбеност и верност кон сино-белиот дрес.

Апел до навивачите

ФК Беласица ги повикува сите свои поддржувачи да дојдат и да му оддадат чест на великанот Дине Секулов – фудбалер кој остави неизбришлива трага во историјата на струмичкиот фудбал.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!