Ракомет

„Секој натпревар ни е важен“ – порака од Иванковиќ по победата над Слога!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид одржа уште една европска ракометна лекција и со високи 37-19 над Слога Добој си ја отвори вратата кон историското европско презимување. Тимот на „гладијаторите“ ја контролираше играта од првата до последната минута, потврдувајќи ја формата што ја најавија со дерби-победата против Алкалоид.

Оваа победа им дава огромен капитал пред реваншот во Градишка, а еден од најконстантните играчи во последниот период, Анте Иванковиќ, ја сумираше атмосферата и пристапот на тимот.

Левиот бек на охриѓани- Анте Иванковиќ, во изјава за Спортска мрежа нагласи дека, и покрај огромната предност, Охрид нема намера да оди во Босна со мисла дека работата е завршена. Потенцира дека тимот е нов, дека секој натпревар им значи, и затоа реваншот ќе го играат со истата енергија, мотив и професионален пристап како и првиот меч.

„Одиме во Градишка исто како овој натпревар и да не се одиграл… ќе одиме на 100% и таму, без никакви калкулирања, бидејќи сепак сметам дека сме нова екипа и секој натпревар и тренинг ни е важен, па така и тој меч ќе ни биде важен.“ – изјави Иванковиќ.

Со предност што ретко се гледа на европска сцена, Охрид на 22 Ноември заминува во Градишка со јасна цел – да го потврди пласманот во осминафиналето на ЕХФ Купот. Формата расте, тимот изгледа компактно, а атмосферата е на највисоко ниво. „Гладијаторите“ се подготвени да ја продолжат победничката европска приказна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!