Ракомет

Петриќ: „Се трудевме да направиме што поголема гол-разлика“ – Охрид блиску до историски пласман!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Екипата на Охрид направи огромен исчекор кон остварување на првата голема цел – обезбедување европско презимување. „Гладијаторите“ доминираа на домашен терен и со убедливи 37-19 ја совладаа Слога Добој, продолжувајќи ја серијата силни партии по победата во големото дерби со Алкалоид.

Стефан Петриќ беше еден од најрасположените поединци, а со осумте гола го предводеше списокот на стрелци заедно со Дарко Ѓукиќ. По мечот, во изјава за Спортска Мрежа, тој откри дел од атмосферата и пристапот што тимот го имал во текот на натпреварот.

Петриќ истакна дека целта не била само победа, туку создавање што поголема резултатска разлика за екипата да може полесно да се насочи кон следните предизвици. Потврди дека тимот оди на реваншот многу порелаксирано, додека не ја заборави и честитката до соиграчите за борбеноста која ја покажаа.

„Се трудевме да победиме со што поголема разлика, дури и во последните две минути зедовме тајм-аут, за да пробаме да го добиеме мечот со што поголема гол-разлика, па да можеме да се подготвуваме за следните натпревари… за Вардар и да можеме да патуваме таму ден порано. Сега на реваншот ќе одиме малку поопуштено, а на екипата и честитам за борбеноста.“- изјави Петриќ.

Охрид ја отвори средбата фуриозно, сигурен и цврст во одбрана, а ефикасен во напад. Гостите успеваа да парираат само во воведните минути (4-3), по што охриѓани ја вклучија „машината“ и почнаа постепено да ја градат разликата. Голманот Кристијан Пилиповиќ повторно беше вистинска сигурност меѓу стативите, а само во првото полувреме запиша 11 успешни интервенции.

Во напад блескаа Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ, кои постигнаа по осум гола, а следеше Томислав Јагуриновски со шест. Кај Слога најдобар беше Тодор Милисављевиќ со осум гола.

Охрид, на реваншот во Градишка на 22 Ноември, патува со огромна предност и реални шанси да го оствари историскиот пласман во осминафиналето на Купот на ЕХФ — успех што би значел нова страница во историјата на клубот. Тимот влегува со самодоверба, ритам и јасна цел: да ја продолжи европската приказна и во Февруари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!