ФудбалЧетврта лига

Никица Петрушевски најдобар стрелец во ОФЛ Куманово!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Фудбалерот на Јуниор од Доброшане, Никица Петрушевски е најдобар стрелец во Општинската фудбалска лига во Куманово.

32-годишниот фудбалер уште еднаш се истакнува со својот голгетерски инстинкт и со постигнати девет погодоци е најдобар стрелец во ОФЛ Куманово.

Со оглед на тоа што ОФЛ Куманово е поделена на две групи, Петрушевски е најдобар стрелец и во двете групи.

Втор на листата на најдобри стрелци е Валериј Ѓорѓиевски од екипата на Ран Производ, а пак Дарио Јакимовски кој настапува за Речица има шест гола.

Во другата група на ОФЛ Куманово најдобри стрелци се Гоце Насковски од екипата на Победа од Тромеѓа, како и Ерсин Нуредени од екипата на Македонија Агино, кои имаат по шест постигнати погодоци.

Екипата на Јуниор од Доброшане за која настапува Никица Петрушевски во својата група е непоразен лидер со 16 бодови и учинок од пет победи и едно реми. Од 27 постигнати погодоци, девет се токму дело на Петрушевски, а тимот има одлична одбрана со пет примени погодоци.

Јуниор е на добар пат да обезбеди влез во Трета лига – Север за следната сезона.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!