Ракомет

Победа над Прилеп: Еурофарм Пелистер 2 направи важен чекор кон плеј-офот!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер 2
Сподели

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер 2 направи голем чекор кон суперлигашкиот плеј-оф, откако го совлада Прилеп со 31-28. Ова беше втор триумф за битолчани над прилепчани оваа сезона, а со 12 освоени бода тие се израмнија со Тиквеш на петтото место, иако кавадарчани имаат натпревар помалку. Прилеп со осум бода останува да се бори за место во плеј-офот.

Во тимот на домаќините, предводници беа Митревски со осум голови, како и Мохамед Азиз и Баптист Одифед со по шест погодоци. Голманот Јовановски запиша седум интервенции. Кај гостите, лидер на нападот беше Димитриоски со десет гола, а голманите Ангелески и Христоски заедно собраа десет одбрани.

Првиот дел се одвиваше израмнето, со мали предности на домаќините, кои во два-три наврати водеа со по два гола. На полувремето резултатот беше 13-11 за Пелистер 2, а клучниот период се покажа во првите пет минути од второто полувреме. Тогаш Јовановски имаше значајна одбрана, а битолчани искористија неколку грешки на гостите за серија од четири гола, зголемувајќи ја предноста на 18-13.

Прилеп се обиде да се врати, доближувајќи се на 24-22, но домаќините повторно го стабилизираа резултатот со погодоците на Митревски и Одифед, држејќи ја предноста до крајот. Со победата, Еурофарм Пелистер 2 ја зацврсти позицијата за плеј-офот и се доближи до својата цел во Супер лигата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!