Трета лигаФудбал

Апостолов главен во Валандово, Јанев го доби дербито во Свети Николе!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат натпреварите од десеттата рунда во Трета лига – Исток, претпоследно есенско коло. Познати се судиите за натпреварите кои ќе стартуваат во 13 часот.

Непоразениот лидер Победа Валандово на домашен терен ќе се соочи со Карбинци, а правда на овој меч ќе дели Тодор Апостолов, а негови помошници ќе бидат Дејан Стоиков и Даниел Ангелов.

Ударник како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Тиверија, а главен судија ќе биде Јордан Јовановски, а ќе му асистираат Иван Танев и Петар Манчев.

Блаже Јанев ќе им суди на Светлост и Малеш во Зрновци, а негови помошници ќе бидат Борче Коцев и Панче Пецев.

Во Свети Николе ќе се одигра дербито на Овче Поле и Хоризонт Турново. Иван Јанев ќе дели правда со асистенција на Марио Кочијев и Ристе Бојчев.

Во Пробиштип ќе се соочат Рудар и Дојранско Езеро, а главен судија на овој натпревар ќе биде Тоше Џамов, а негови помошници ќе бидат Александра Спасова и Николче Симонов.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!