Прва женска фудбалска лигаФудбал

Изеири ќе им суди на Љуботен и Топ Гол, Јанчева на Вардар и Саса, Ѓоргиев го доби дербито во Пржино!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

За во недела се закажани натпреварите од 13. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се веќе и судиите кои ќе делат правда на истите.

Дербито на колото ќе се игра во Пржино каде ќе се соочат Истатов и Тиверија Брера. Правда ќе дели Крумислав Ѓоргиев, а негови помошници ќе бидат Снежана Илиевска и Татјана Ивановска, а пак Петре Илиоски ќе биде контролор.

Дебитантот Вардар на „Цементарница 55“ ќе го пречека фаворитот Каменица Саса, а Виолета Јанчева ќе дели правда на овој меч. Помошници ќе бидат Радмила Неркова и Стефан Митров, а пак Драган Ристовски ќе биде контролор.

Во Струга ќе се одигра натпреварот меѓу Ас Јунајтед и Кочани, каде Дени Лековски ќе биде главен судија, а помошници ќе бидат Ангела Домазетовска и Николче Дрнковски. Мендо Дивитарот ќе биде контролор.

Шампионот Љуботен како апсолутен фаворит ќе се соочи со Топ Гол, а за правдата ќе биде задолжена Вјолца Изеири, а помошници ќе бидат Цветанка Савеска и Тамара Астарџиева. Контролор на средбата ќе биде Никола Божиновски.

Речица на домашен терен ќе има мног тешка задача против фаворитот Скопје, Ангела Рајчевска ќе биде главен судија, а ќе помагаат Елена Соклевска Илиески и Тамара Цветановиќ.

Бранко Величковски ќе биде контролор на овој меч.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!