Фудбалскиот клуб Пчиња, член на Трета лига – Север, сезонава игра во извонредна форма и се бори за висок пласман, а еден човек посебно останува запишан со златни букви во клупската историја.
Боби Маневски е најдобриот стрелец во историјата на клубот, со фантастични 50 постигнати погодоци во дресот на Пчиња. Неговата ефикасност, континуитет и верност оставија неизбришлива трага во младата, но веќе богата историја на клубот.
На листата на најдобри стрелци следува искусниот Далибор Тодоровски со 47 гола, а потоа доаѓа подолг „пресек“. На третото место се наоѓаат Јованче Чаневски и Филип Савевски со по 29 погодоци, додека петтото место му припаѓа на Иван Вукановски со 27 гола.
Виктор Димков и Боби Стојановски постигнале по 25 погодоци, а осмата позиција ја држи Стефан Арсовски со 23 гола. Топ-десет листата ја заокружуваат Христијан Стојчевски и Николче Стојановски, кои имаат по 18 постигнати гола.
Пчиња во својата десетгодишна историја изгради сериозна традиција на талентирани стрелци, но Маневски цврсто стои на врвот – рекорд што ќе биде тешко да се надмине.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...
Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...
Брегалница утре во вечерен термин на Градскиот стадион во Штип ќе го...
Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...
Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа...