ФудбалФутсал

Црна Река и Железарец со победа ја започнаа новата сезона – целта е враќање во Првата футсал лига!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Црна Река со триумф ја започна новата сезона во Втората футсал лига, а тимот од Кавадарци сигурно е дека ќе цели кон враќање во елитата, откако минатата сезона испадна од Првата лига.

На домашен терен Црна Река со 5:2 славеше висока победа над Каршиака. На полувреме домашниот тим имаше два гола предност, а во вториот дел формално одигра. Никола Димов постигна три гола за Црна Река, а по еден гол постигнаа Горан Соколов и Димитар Чоков, додека пак за гостинот стрела Нехат Емини и Садам Куртиши.

Ланскиот прволигаш Железарец со убедливи 4:2 го доби дебитантот Фудбал Старс Ауто Велт од Кочани на домашен терен. Победата беше најавена уште во првиот дел кога домашниот тим имаше 4:1 на полувреме.

Дејан Кајсторовски го отвори резултатот во 9. минута, а само една минута подоцна Славче Живков израмни на 1:1. До крајот на првиот дел Мартин Калчев постигна хет-трик. Во вториот дел Драган Трајчов го ублажи поразот на 4:2.

Натпреварот меѓу Овче Поле и Конзули од Битола не се одигра, бидејќи гостинската екипа не се појави во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, вчера беа одиграни два натпревари. Партизан Југ во Брвеница со 11:2 го декласираше Карадаку, а пак СЕЕ Университи со 4:9 загуби дома од Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!