ФудбалФутсал

Јувентус Серава ја отвори сезоната со триумф, победа за Шкупи, пораз за Балкан

Сподели
ФОТО: КМФ Мал Ајакс | АРХИВА
Сподели

Започна новата сезона во Првата футсал лига, а на стартот од новата сезона двата нови прволигаши забележаа пораз. Во Штип повратникот Мал Ајакс загуби од Јувентус Серава од екипата на Јувентус Серава со 2:3.

Штипјани по неколку години се вратија во елитата, но стартуваат со пораз, а гостинот уште во првиот дел отвори одлично. Сали Салиевски по четири минути го отвори резултатот, а веќе во 12-тата минута беше 0:3 со погодоците на Бејтула Јакупи и Фестим Аџами. Пред крајот на првиот дел Филип Слободановски погоди за 1:3 на полувреме.

Во вториот дел Мал Ајакс имаше сили само да го ублажи поразот на 2:3.

Новиот прволигаш Балкан на домашен терен загуби од екипата на Кеги Моби од Велес со резултат од 4:8. За домашнит тим двоен стрелец беше Ибрахим Алији, а по еден гол постигнаа Пајтим Реџепи и Ерол Џалип.

За гостинот од Велес хет-трик имаше Димче Андов, а пак Стефан Димовски беше двоен стрелец. По еден гол постигнаа Петар Левков, Александар Михајлов и Трајче Трајков.

Ланскиот финалист во Купот, екипата на Осогово загуби на гостувањето кај Шкупи со резултат од 7:5, а овој пораз се должи на лошото прво полувреме.


Во првиот дел Шкупи беше перфектен и на пауза замина со предност од 5:1, а во вториот дел гостинот од Крива Паланка заигра многу подобро, но не доволно за да дојде до позитивен резултат.

За домаќинот двојни стрелци беа Бурак Мемедов и Абдил Кадир Јахја, додека пак по еден гол постигнаа Зекир Зејнели кој го отвори резултатот во 2. минута, Љавдрим Фазлију и Агрон Фазлију. За гостинот стрелаа Давид Ристовски и Стефан Димитровски, а пак Никола Спасовски беше двоен стрелец, додека пак фудбалерот на домашниот тим, Зекир Зејнели си постигна автогол.

Денес Клими ќе игра со Бутел во Кавадарци, а колото ќе се комплетира со дербито меѓу Проект и шампионот Форца, меч кој е одложен поради европските обврски на Форца.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!