Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Вакви дербија мора да се добијат, и ние сме максимално подготвени

Сподели
ФОТО: Принскрин прес конференција ФК Шкендија
Сподели

По европскиот успех над ирскиот Шелбурн, фудбалерите на Шкендија со голема самодоверба го дочекуваат дербито против Вардар во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Победата во Лигата на Конференции донесе дополнителна енергија и мотив кај тетовските „црвено-црни“, кои на домашен терен ќе се обидат да продолжат со позитивната серија и во домашното првенство.

Еден од клучните фудбалери на тетовскиот состав, Арбин Зејнулаи, во пресрет на дербито истакна дека тимот е целосно фокусиран на следниот предизвик и дека триумфот во Европа веќе е зад нив.

„Зад нас е историски натпревар во Европа, а после победата бевме многу среќни. Сепак, фудбалот не завршува туку веднаш мораме да се фокусираме кон следните предизвици. Сега на ред е мечот со Вардар, и затоа немаме многу време за славење. Мораме да се фокусираме кон следниот предизвик, а следниот меч за нас е дерби. Вакви дербија мора да се добијат, и ние сме максимално подготвени. Шкендија има амбиции да биде шампион, и кога тоа е целта, тогаш мора на секој натпревар императив да ни бидат трите бода. Што се однесува до дербито, само ќе кажам дека вакви дербија не се играат, туку се добиваат“, рече Зејнулаи.

Шкендија моментално се наоѓа во одлична форма и со победа против Вардар може дополнително да ја зацврсти својата позиција во горниот дел од табелата, пред продолжението на првенството и новите европски предизвици.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!