Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Инцидент во Трета лига – Север: Претепан голманот, кој завршил во болница!

Сподели
Сподели

Нов немил настан во македонскиот фудбал, овој пат во Трета лига – Север, каде по мечот меѓу Беса и Аеродром кој се играше во Слупчане, бил претепан голманот на гостинскиот тим.

Од овој голем инцидент кружи и видео на социјалните мрежи, а поради интензитетот на повредите голманот на Аеродром, неофицијално Кирил Петровски е префрлен во болница на укажување на лекарска помош. Инцидентот се случил по завршувањето на мечот, односно после последниот судиски свиреж кога бил нападнат голманот.

„На 26.10.2025 година во СВР Куманово лицето И.А. од Скопје пријавило дека по завршување на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Беса од Слупчане и ФК Аеродром, неколку играчи на гостинскиот тим биле физички нападнати од страна на играчи и претставници на домашниот клуб. Се преземаат соодветни мерки за расчистување на настанот,“ стои во официјалното соопштение на полицијата.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, натпреварот заврши со победа за екипата на Аеродром од 1:2 и тоа преку пресврт, откако Беса имаше предност со голот на Шуајб Бајрами од 26. минута, а во вториот дел Стефан Богдановски во 83. минута и Даријан Аврамовски во 88. минута за победа од 1:2.

Инаку, делегат на овој меч бил Хајриз Скендеровиќ од Скопје, а во делот на примедби на делегатот во записникот е заведено следново:

„Натпреварот одигран по правила и прописи на ФФМ трета лига север. Уредно пријавен во МВР истите беа присутни Цд-то ќе биде доставена до ФФМ од домаќинот. Доктор на натпреварот Ибрахим Кадрија. Комесар за безбедност Бљерим Абази. Следува извештај од делегатот. Следува жалба од домаќинот.“

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!