ИнтернационалциФудбал

Стојчевски со Изеири и Ицев ќе дели правда на дуелот Фиорентина – Легија во младинската ЛШ

Сподели
Сподели

Ново признание за македонските судии од страна на УЕФА. Наши арбитри повторно добија доверба да судат на европска сцена, овојпат во рамките на младинската Лига на шампиони (UEFA Youth League).

Главен судија на натпреварот меѓу Фиорентина и Легија Варшава У-19 ќе биде Игор Стојчевски, додека негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Тоше Ицев, а мечот се игра во Фиренца, Италија.

Овој ангажман претставува уште една потврда за континуитетот и угледот што македонските судии го уживаат во европските фудбалски кругови.

Натпреварот ќе се одигра на 5 ноември (среда), а за нашиот судиски тим тоа ќе биде уште една вредна меѓународна проверка и можност за дополнително докажување на големата сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска...

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!