ИнтернационалциФудбал

Илиоски со Бакрачевски и Црвенов ќе дели правда на дуелот Будуќност – Митјиланд во младинската ЛШ

Сподели
Сподели

Нов меѓународен предизвик за македонските фудбалски судии и уште едно признание од УЕФА за нивната квалитетна работа. Нашиот судиски тим доби доверба да ја дели правдата на реванш натпреварот од младинската Лига на шампиони (UEFA Youth League) помеѓу Будуќност и Митјиланд.

Главен судија на мечот ќе биде Влатко Илиоски, а негови асистенти Разме Бакрачевски и Роберт Црвенов, сите од Македонија. Натпреварот ќе се одигра на 5 ноември (среда) на Градскиот стадион во Подгорица, каде домашниот тим ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот дуел.

Ангажманот на македонските арбитри во младинската Лига на шампиони претставува уште една потврда за довербата што УЕФА ја има во нивниот професионализам и прецизност на европската сцена.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. На гостувањето во Финска, нашите футсалци загубија убедливо...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!