Останато

Бугарија ја менува арената Варна со Софија за ЕвроВолеј 2026

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Градот Софија и модерната арена „Софија“ ќе бидат местото каде ќе се одиграат натпреварите од групната фаза, како и осминафиналните и четвртфиналните дуели од Европското првенство 2026 во машка конкуренција.

Ова значи дека домаќинот Бугарија, заедно со репрезентациите на Македонија, Полска, Украина, Португалија и Израел — кои се дел од групата Б — ќе ги одиграат своите мечеви токму во бугарската престолнина.

Првично, Бугарската одбојкарска федерација ја имаше пријавено Варна како град-домаќин, со сала која има капацитет од околу три илјади гледачи. Сепак, по големиот успех на бугарскиот национален тим на Светското првенство минатиот месец, кога стигна до финале и освои сребрен медал, амбициите значително пораснаа.

Поради тоа, федерацијата побара од Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) промена на локацијата — наместо Варна, арената „Софија“ со капацитет од 12 илјади гледачи ќе биде новиот центар на настаните. ЦЕВ го прифати барањето, оценувајќи дека тоа е во интерес на одбојката и нејзината понатамошна популаризација.

Репрезентациите сега се во исчекување на официјалниот распоред на натпреварите, кој ЦЕВ ќе го објави по усогласување на термините со четирите земји-домаќини. Продажбата на билетите за Европското првенство ќе започне на 7 ноември.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од...

Останато

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација успеа да стигне до три четвртфинални борби за медал на Европското првенство на Крит, Грција

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација имаше забележителен настап на Европското Таеквон-до ИТФ првенство...

Останато

17-годишниот Валентино Јовановски со подвиг во Штип: истрча 5 км со панцир

Младиот спортист од Кратово, Валентино Јовановски, на само 17 години направи вистински...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!