Втора лигаПрва лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар подобар на пријателскиот меч со второлигашот Големо Коњари

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денес го одигра пријателскиот натпревар со второлигашот Големо Коњари, кој го доби со резултат од 0:4. Резултатот од мечот беше во втор план, двете екипи ја проверија формата пред продолжението од првенството откако се јави пауза поради локалните избори, а кај прволигашите и поради репрезентативната пауза.

Овој меч беше вистински фудбалски празник за прилепско Големо Коњари, публиката и сите присутни уживаа во натпреварот на фудбалскиот гигант со најмногу титули во македонскиот фудбал. Вардар одлучи да направи мини подготовки во Охрид, пред дербито кое го очекува со шампионот Шкендија, а притоа и ја провери формата на пријателскиот меч со Големо Коњари.

Вардар кој го води Гоце Седлоски потекнува токму од прилепско Големо Коњари, а на овој начин најтрофејниот македонски клуб уште еднаш ја продолжи традијата да одигра пријателски натпревари и со екипи од понизок ранг на натпреварување, откако претходно играше со третолигашите Карбици, Овче Поле и Рудар.

Дефинитивно овој пријателски меч ќе остане запиша во историјата на Големо Коњари, кој во Втората лига ќе води тешка борба за опстанок.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Вечерва во Богданци гостува Алкалоид: Младост ќе има поддршка, салата „Млаз“ ќе биде полна

Вечерва во рамките на 4. коло на ракометната Супер лига во Богданци ќе гостува Алкалоид, кој како фаворит доаѓа во салата „Млаз“, која...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Време е за Швајцарија: Македонија подготвена за новиот предизвик

Македонската А-репрезентација ги привршува подготовките за првиот меѓусебен натпревар со Швајцарија. Дуелот против еден од најквалитетните европски национални тимови е закажан за в...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!