Ракомет

Охрид неприкосновен – со моќно издание до третото коло на Европскиот Куп!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид без никакви проблеми како на тренинг натпревар се пласираа во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако и на реваншот во Охрид повторно го декласираа Баку од Азербејџан, овојпат со 38-21. Со тоа, охридскиот тим го комплетираше двомечот со неверојатна гол-разлика од 82-32.

И покрај бројните отсуства во составот, охриѓани одиграа убедливо и дисциплинирано. Борис Ројевиќ овојпат им даде предност на младите сили, оставајќи неколку стандардни играчи на клупата. Без капитенот Ојлески, искусните Чаневски, Иванковиќ, како и повредените Јотиќ и Вејин, охридскиот состав изгледаше максимално мотивирано и во експериментален ростер ја демонстрираше класата.

Публиката во салата во Охрид можеше да ужива во настапот на младите домашни ракометари Трајчески, Ристески, Пупунцоски, Крстевски и Шипинкоски, кои практично целиот меч добија шанса на паркетот.

ФОТО: Спортска Мрежа

По првото полувреме, резултатот 23-9 веќе го најави исходот, а во продолжението домаќините рутински ја одржуваа предноста и со висока ефикасност во нападот го казнуваа секој пропуст на противникот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Давид Савревски беше прв стрелец со девет погодоци, Кукуловски додаде седум, а Шипинкоски се запиша шест пати. На голот блеснаа Блажески со девет одбрани и Крстевски со седум успешни интервенции.

ФОТО: Спортска Мрежа

Охрид со оваа двојна победа најави дека е подготвен за повисоки цели во европската сцена и дека и покрај проблемите со повреди и ротации, колективниот дух останува најголемата сила на „гладијаторите“ од Охрид.

ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!