ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Седум погодоци во Ново Село за триумф на Спартмани, трите бодови останаа во Куклиш!

Сподели
ФОТО: Екипата на ФК Интер Кукла од Куклиш
Сподели

Со натпреварите од првото коло денес после долги години пауза се реактивираше Општинската фудбалска лига во Струмица, а првото коло донесе погодоци на сите натпревари.

Најмногу погодоци имаше во Ново Село каде домашниот Огражден претрпе пораз од екипата на Спартмани од Градско Балдовци, додека пак Илинден од Добрејци однесе висока победа од 1:3 на гостувањето во Радово кај екипата на Напредок.

Екипата на Дрвош славеше над Единство од Пиперово, во натпревар каде беа постигнати пет погодоци за конечни 3:2.

ФОТО: Екипата на ФК Огражден од Ново Село

Екипата на Интер Кукла од Куклиш на стартот од новата сезона ја доби Слога од радовишко Злеово со 2:1.

Во однос на самата табела Илинден од Добрејци е прв со три бодови, втор е Спартмани од Градско Балдовци, следува Интер Кукла, а потоа Дрвош со по три бодови. Без бодови се екипите на Слога, Единство, Огражден и Напредок од Радово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!