Ракомет

Фаворитот Вардар Неготино на Пепи Манасков „зариба“ во Штип – големо изненадување!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна писмена согласност
Сподели

Фаворитот Вардар Неготино направи чекор назад кон битката за првото место кое директно води кон Суперлигата, иако е почеток на сезоната, сепак денешниот пораз на тимот на Пепи Манасков во Штип од екипата на Текстилец со 35:33 е јасен сигнал дека треба внимателност бидејќи конкурентите како Драчево Јуниор, Младост од Богданци и Мулти Есенс тоа го чекаат.

Дефинитивно големо изненадување направи штипскиот тим, кој стигна до третата сезонска радост, а пак Вардар Неготино го има вториот пораз во сезоната од пет натпревари.

Од самиот почеток тимот на Текстилец беше во резултатска предност, а која доаѓаше и до плус пет при 14:9 во 23. минута од средбата, а гостинот од Неготино постојано бркаше негатива.

Во 44. минута резултатот беше 25:25 со голот на Мирослав Митевски, но веднаш гостинот дојде и од водство преку погодокот на Костадин Петров на 25:26.


Пресврт на резултатот имаше во 55. минута со серија од два погодоци на домаќините за водство од 31:29, а до крајот Текстилец успеа да ја сочува предноста и да слави со 35:33.

Најрасположен за погодоци беше Јован Атанасовски со 11 погодоци, а кај гостинскиот тим се истакна Мице Шилегов со десет реализации.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!