РепрезентацијаФутсал

Футсал репрезентацијата на Македонија со двојна проверка против Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската футсал А репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревара против селекцијата на Црна Гора, во рамки на подготовките за претстојните предквалификации за Светското првенство.

Двата дуела ќе се одиграат во Спортскиот центар „Игало“, на 15 и 16 октомври.
Првиот натпревар е закажан за вторник (15 октомври) со почеток во 18:00 часот, додека вториот меч ќе се одигра во среда (16 октомври) од 17:00 часот.

Селекторот Газмен Исеини објави список од 13 фудбалери на кои ќе смета за овие пријателски средби:

Антонио Петровски (КМФ Проект), Иван Стојановски (КМФ Кеги), Таулант Исмаили (Форца), Иван Крстевски (Форца), Марио Благоевски (Проект), Берат Рамадани (Форца), Димитар Јанев (Проект), Стефан Димовски (КМФ Кеги Моби), Никола Анчевски (Проект), Бојан Јанев (Проект), Јакуп Рамадани (Дреница – Косово), Еркан Сефери (Форца) и Армандо Алијевиќ (Јувентус Серава).

Контролните натпревари со Црна Гора ќе бидат проверка за селекторот Исеини и можност да се тестираат различни комбинации во составот пред стартот на квалификациите за Светското првенство.

Македонија со овие средби ќе се обиде да ја задржи позитивната форма и да изгради уште поголема компактност во тимот, со цел успешен настап во претстојните официјални натпревари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!