РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија У19 против Црна Гора – четири погодоци на гостински терен

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, оствари убедлива победа на гостувањето во Црна Гора, совладувајќи ја домашната селекција со 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации.

Нашите млади фудбалери одиграа сигурен и офанзивен натпревар, при што имаа повеќе од играта и заслужено се радуваа на триумф. Македонија демонстрираше одлична колективна игра, ефективен напад и високо ниво на дисциплина во сите линии.

Првиот гол за Македонија го постигна Емир Шаботиќ од редовите на Вардар во првото полувреме. Домаќините успеаја да израмнат, но нашите млади репрезентативци повторно поведоа преку Горазд Ристовски од Црвена ѕвезда, кој беше сигурен реализатор од белата точка.

Црногорците повторно израмнија, но Адмир Љафити ја врати предноста на нашата селекција по голема грешка на домашниот голман. Љафити потоа со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат 2:4, потврдувајќи ја заслужената победа на Македонија.

Овој натпревар беше одлична контролка за претстојните квалификациски предизвици, а младиот состав на Селими уште еднаш покажа дека поседува голем потенцијал и квалитет за иднина.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!