Останато

Шеснаесетгодишниот пливач Петар Цеков освои злато на Комен Купот во Кипар !

Сподели
ФОТО: Национална пливачка федерација
Сподели

Македонскиот млад пливач Петар Цеков постигна огромен успех со освојување на златниот медал на Комен Купот во Кипар, на трката од 7.5 километри.

Предводен од својот тренер Горан Стаменов, Цеков имаше фантастично издание, зад себе оставајќи ги конкурентите од Франција и Шпанија, кои го комплетираа победничкото подиум-трио.

Особено импресивен е фактот што Цеков има само 16 години, а настапи на натпреварување каде учествуваат пливачи до 18 години, што дополнително го истакнува неговиот успех.

Комен Купот е престижно меѓународно натпреварување на кое учествуваат талентирани пливачи од повеќе земји, меѓу кои Турција, Грција, Израел, Шпанија и други.

Со овој резултат, Цеков уште еднаш потврди дека Македонија има светла иднина во пливањето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!