Турнири

ФК Џокер елиминиран на пенали од италијанскиот Лацио на Eurosport Cup

Сподели
Сподели

Младинската генерација на ФК Џокер (2014) го заврши своето учество на престижниот Eurosport Cup со гордо подигнати глави, откако во четвртфиналето беше елиминирана од славниот италијански клуб Лацио по изведување пенали (4:3), по регуларни 0:0.

Иако против себе имаа еден од најголемите европски клубови, младите надежи на ФК Џокер одиграа храбар и дисциплиниран натпревар, не дозволувајќи му на фаворитот да ја наметне својата игра. Со цврста одбрана, борбеност и колективен дух, тие создадоа неколку опасни ситуации и целосно го заслужија големиот респект од сите присутни.

Пенал-рулетот, за жал, не им беше наклонет на нашите млади јунаци, кои завршија со само еден примен гол на целиот турнир – што е вистински подвиг и доказ за нивната зрелост и фудбалски развој.

На турнирот, ФК Џокер остави одличен впечаток и се вброи меѓу најдобрите осум екипи во конкуренција со фудбалски гиганти како Партизан, Торино, Рома и Лацио, со што уште еднаш потврди дека расте во клуб со европски стандарди и потенцијал.

Од клубот изразија голема благодарност до организаторите за одличната организација и гостопримство, до родителите кои се најголемата мотивација и поддршка за овие талентирани момчиња.

Иако елиминирани, младите фудбалери на ФК Џокер излегоа како вистински победници – со срце, верба и достојна претстава која влева гордост и надеж за иднината.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!