Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Миленкоски: Најтешка група досега, но мора да веруваме во нашиот квалитет

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската машка одбојкарска репрезентација на своето четврто последователно учество на Европско првенство нема да има лесна задача. Ждрепката во Бари ја смести нашата селекција во исклучително тешка група, каде покрај домаќинот Бугарија, ќе се соочи и со Полска, Украина, Португалија и Израел.

Селекторот на националниот тим, Јошко Миленкоски, е свесен за тежината на предизвикот, но верува во квалитетот и борбеноста на своите играчи.

„Сите групи се тешки, но нашата дефинитивно е најтешка. Сите противници имаа одлични резултати на последното Светско првенство, додека Израел го освои третото место во Златната Европска лига. Речиси сите селекции минуваат низ процес на подмладување и сега се насочени кон нови успеси. Тоа значи дека не очекува сериозна и напорна работа,

Тој додаде дека, иако ќе биде тешко да се повтори успехот од последното Европско првенство и пласманот во осминафинале, мора да се задржи оптимизмот и вербата во сопствените можности.

Имаме квалитетен состав кој веќе четврти пат во низа ќе биде дел од ова големо натпреварување. Верувам дека играчите повторно ќе го дадат максимумот и ќе ја покажат својата вредност. Ќе се бориме до крај и ќе се обидеме уште еднаш да ја израдуваме спортската јавност во Македонија, изјави селекторот.“

Европското првенство во одбојка – ЕвроВолеј 2026 ќе се одржи од 9 до 26 септември во четири земји – Италија, Бугарија, Финска и Романија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!