Трета лигаФудбал

Кравари минимално слави над Света Троица, Влазними го доби струшкото дерби со Караорман

Сподели
Сподели

Четвртото коло во Трета лига – Југозапад донесе победа за екипата на Кравари од минимални 1:0 над Света Троица од Охрид, благодарение на голот на Иван Иванов кој беше постигнат во 47. минута.

Натпреварот меѓу Демир Хисар и Велешта не се одигра, откако гостинот по чекање од 30 минути не се појави на теренот. Тоа значи службена победа од 3:0 и службени три бода за Демир Хисар.

Влазними славеше во струшкото дерби со Караорман со резултат од 2:0, а резултатот го отвори Денис Шадов во 7. минута, а пак Уран Речица во 31. минута ги постави конечните 2:0.

Могила со убедливи 4:0 славеше над Кораб од Дебар домашен триум. Хакан Алимовски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Александар Кочишки и Мики Талевски.

Најмногу погодоци беа постигнати во Мешеишта – вкупно пет за триумф над Славеј од 3:2 над Напредок од Ношпал.


По две минути игра гостинот прекуд Виктор Гелевски дојде до водство од 0:1, но веќе во 4. минута беше 1:1 со голот на Даниел Митрески.

Во 32. минута следуваше комплетен пресврт за водство на домашниот тим со голот на Даниел Короскоски од 2:1 на полувреме.

Стартот од вториот дел донесе ново израмнување откако погоди Владе Јанакиевски за 2:2. Во 60. минута гостинот остана со играч помалку на теренот откако црвен картон заработи Сефан Ковачев, а десет минути подоцна Никола Јордески ги постави конечните 3:2 со што трите бодови останаа дома.


Ваквиот резултат направи да има промени во врвот со што сега истиот го делат Влазними и Кравари со по девет бодови, а на дното останува Велешта со еден бод.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ВЛАЗНИМИ 🔼 4 3 0 1 13 8 +5 9
2 ФК КРАВАРИ 🔼 4 3 0 1 8 3 +5 9
3 ФК Могила 2023 🔼 4 2 1 1 13 6 +7 7
4 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 🔽 4 2 1 1 8 6 +2 7
5 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 🔼 4 2 1 1 6 7 -1 7
6 ФК КАРАОРМАН 🔽 4 2 0 2 9 8 +1 6
7 ФК ДЕМИР ХИСАР 🔼 4 1 1 2 6 8 -2 4
8 ФК КОРАБИ 🔽 4 1 1 2 5 10 -5 4
9 ФК НАПРЕДОК с.Ношпал ➖ 4 1 0 3 7 9 -2 3
10 ФК Велешта Унитед ➖ 4 0 1 3 3 13 -10 1

 


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!