Трета лигаФудбал

Камјани неприкосновен, Ренова убедлива, Вардар Брвеница славеше пред својата публика

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Денес беше комплетирано четвртото коло во Третата лига – Запад. Откако вчера, како што веќе објави Спортска Мрежа, беа одиграни дел од натпреварите, денес се одиграа и преостанатите дуели.

Лидерот Камјани ја продолжи победничката серија и по четири кола има максимални 12 бодови. Екипата од Камјани славеше на гостувањето кај Зајаз со убедливи 0-3, а стрелци беа Ветон Бафтиари во 16. минута и двојниот стрелец Хузри Џемаили, кој го потврди триумфот на гостите.

Поранешниот прволигаш Ренова исто така оствари висока победа на домашен терен, совладувајќи го Доброшти со 5-2. За тимот од Џепчиште во листата на стрелци се впишаа Гент Јакупи, Ермал Саити и Линд Зендели, додека Ерзен Ходаи двапати ја погоди мрежата на гостите. За Доброшти стрелци беа Адис Фетаи и Агон Хашими.

Во Брвеница, Вардар со резултат од 3-1 беше подобар од Дрита. Домашниот тим дојде до трите бода со головите на Даниел Радевски, Тони Брњарчевски и Славче Антовски, додека единствениот погодок за гостите го постигна Брендим Рушити.

Екипата на Речица доживеа домашен пораз од Влазерими со 0-2. Гостите поведоа во првото полувреме со голот на Албулен Имери, а во вториот дел конечниот резултат го постави Леонтин Бајрами.


Со ова коло, Камјани останува лидер со максимален учинок.

Вчера, Џепчишти славеше домашен триумф од 2:0 над Љуботен, а пак Напредок во Кичево со убедливи 4:1 го доби Скендербеу. Извештајот за овие два натпревари е достапен овде.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КАМЈАНИ ➖ 4 4 0 0 11 1 +10 12
2 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево ➖ 4 3 1 0 9 3 +6 10
3 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 ➖ 4 3 0 1 8 6 +2 9
4 ФК РЕНОВА АД 🔼 4 2 1 1 12 8 +4 7
5 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 🔼 4 2 1 1 8 4 +4 7
6 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 🔼 4 2 0 2 7 6 +1 6
7 ФК ДОБРОШТИ 🔽 4 1 1 2 8 8 0 4
8 ФК РЕЧИЦА 🔽 4 1 1 2 6 7 -1 4
9 ФК СКЕНДЕРБЕУ ➖ 4 1 1 2 4 9 -5 4
10 ФК ДРИТА 94 ➖ 4 1 0 3 6 12 -6 3
11 ФК ЗАЈАЗИ ➖ 4 0 1 3 3 9 -6 1
12 ФК ЉУБОТЕН ➖ 4 0 1 3 2 11 -9 1


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!