Трета лигаФудбал

ФОТО: Еуромилк ГЛ со убедлива победа, мечот меѓу Фортуна и Пчиња не го дочека својот крај!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Денес беше комплетирано 5. коло во Трета лига – Север кое беше отворено вчера, но еден меч не го дочека својот крај.

Натпреварот меѓу Фортуна и Пчиња при резултат од 1:1 не се доигра.

По само пет минути игра Димитар Стојановски постигна гол за водство на Пчиња од 0:1, а во 35. минута од средбата домашниот тим преку Фисник Агуши дојде до 1:1.

Во вториот дел поточно во 75. минута натпреварот бил прекинат поради напад на гостинската навивачка група од страна на домашната публика, при што настанал неред на трибината.


По 15-минутен прекин гостинската екипа одбила да продолжи со игра поради физички напад врз нивниот голман од страна на домашниот фудбалер со број 33.

ФОТО: ФК Пчиња

„Во 75-та минута од натпреварот настана прекин поради напад на гостинската навивачка група од страна на домашната публика, при што настана неред на трибината. Во инцидентот реагираа и фудбалерите на двете екипи, а по 15-минутен прекин гостинската екипа одби да продолжи со игра поради физички удар врз нивни играч (голман) од страна на фудбалер со број 33 на домашната екипа. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Снимката е предадена на контролотот. Следува дополнителен извештај“, ова е заведено во официјалниот записник од натпреварот во делот за примедби на делегатот.

По натпреварот изјава даде и шефот на стручниот штаб на Пчиња, Часлов Вукановски во однос на овој немил настан.

„Натпреварот беше тензичен и се играше константно под притисок, нашата екипа поведе рано, нешто подоцна израмни екипата на Фортуна и со резултат 1:1 заминавме на паузата. Се беше во ред се до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика, напомена дека тоа беа роднини и пријатели на нашите играчи, а не навивачка група! Во 75тата минута ситуацијата ескалираше, беше бутната заштитната ограда и навивачите на Фортуна влегоа на терен, ситуацијата се смири и играта продолжи, но еден од играчите на Фортуна кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи физички го нападна нашиот голман Никола Стојановски кој при овој напад остана без свест и во состојба кога нашиот голман лежеше на теренот 5 или 6 фудбалери го “клоцаа” на теренот, нормално во таква ситуација нашиот играч Боби Стојановски сакаше да го заштити нашиот голман, но и тој беше физички нападнат од играчите на Фортуна. Нешто подоцна делегатите донесоа одлука натпреварот да продолжи, но нашта екипа немаше услови за такво нешто бидејки нашиот голман беше пренесен итно во болницата во Куманово, каде сеуште се наоѓа, а нашите млади играчи беа преплашени од таквата ситуација. Сето оваа надлежните од ФФМ можат да го видат на видео снимките од натпреварот и веројатно ќе се донесат најстроги санкции за играчите на Фортуна за таквото вандалско однесување на еден спортски настан. Исто така нашата екипа мораше да причека да дојде “интервентната” полиција за да го напушти теренот, напомена дека истиот проблем го пријави и нашата публика! Сега на потег е ФФМ и сигурни сме дека ќе донесе реална и правична одлука за денешниот немил и неспортски настан што се случи на стадионот на Фортуна во Сингелиќ“, вели Вукановски.

ФОТО: ОФИЦИЈАЛНИОТ ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ: ФОРТУНА – ПЧИЊА

Студеничани и Беса од Сарај ги поделија бодовите играјќи 2:2 во натпревар каде гостинот имаше двапати предност. Ибрахим Мемеди во 8. минута го отвори резултатот за водство од 0:1, а во 36. минута Хамит Абази израмни на 1:1.

Во самиот финиш на првиот дел Бесир Јусуфи одново го донесе гостинот во предност од 1:2. Во вторио дел Ниметуља Ајдари ги постави конечните 2:2.

Кадино само ја продлабочува резултатската криза откако загуби на домашен терен од Куманово со 1:3. Гостинот преку Гезим Бакиевски имаше предност од два гола на полувреме.

Во вториот дел Газменд Али си постигна автогол, а Матеј Стаменковски во 87. минута го ублажи поразот на конечни 1:3.

Отља на домашен терен загуби од Беса од Слупчане со резултат од 2:4. Гостинот сите четири гола ги даде во првиот дел, а двапати погоди Харун Касуми, а по еден гол постигнаа Шуајб Бајрами и Мерван Фетаи. За гостинскиот тим по еден гол постигнаа Љирим Абази и Ќендрим Абази.

Поранешниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче ја продолжува својата победничка форма откако на гостувањето кај Башкими Љуботен славеше со 3:7.


За домашниот Омер Хамити постигна еден гол, а двапати погоди Ринор Исени.

За гостинот од Горно Лисиче двоен стрелец беше голгетерот Орхан Мифтар, а по еден гол постигнаа Томче Павлоски, Михаило Митров, Матеј Јаневски и Фати Јусуфи, а апк Муќеран Асани си постигна автогол.

БВК Коњаре ја продолжува одличната форма со нова победа над Лопат на гостински терен од 2:4. За домаќинот во првиот дел погоди Ринор Исени, а во вториот дел Љиридон Сулејмани. За гостинот погоди Јусуф Аљиу, а три гола постигна Елмир Алији.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, вчера Аеродром го доби Ржаничино, а извештајот од тој меч го имате овде.


Лидер на табелата е Еуромилк ГЛ со максимални 15 бодови на своето конто, Аеродром, БВК Коњаре и Куманово го делат второто место со по 13 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!