Ракомет

Сигурен настап на Еурофарм Пелистер против Охрид, во Битола

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Шампионот Еурофарм Пелистер забележа нова победа во Суперлигата, совладувајќи го тимот на Охрид со 33-27 (18-14), на домашен терен.

Битолчани уште од стартот ја наметнаа својата игра и не дозволија неизвесност. По кратка рамноправна игра на почетокот, домаќините постепено ја зголемуваа предноста и веќе до крајот на првото полувреме создадоа солидна залиха од четири гола.

Во второто полувреме избраниците на Гарабаја целосно го контролираа натпреварот. Разликата достигна и двоцифрена бројка (27-17 во 43. минута), што беше доволно рано за Еурофарм Пелистер мирно да го приведе мечот до крај и да ги запише новите бодови.

Најрасположен за игра кај победникот беше Богдан Радивојевиќ со девет гола, следен од Дејан Манасков со седум, додека капитенот Филип Кузмановски се запиша со четири погодоци. Голманот Никола Митревски повторно беше сигурен меѓу стативите со 12 интервенции.

Кај охриѓани, најефикасен беше Дарко Ѓукиќ со шест гола, а по пет постигнаа Тилен Стрмљан, Давид Савревски и Николаос Лиапис.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер го задржа чекорот со врвот на табелата, додека Охрид останува во горниот дел, но со јасна потреба за подобра реализација во следните кола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!