Некатегоризирано

ВИДЕО: ФФМ започна со голема обнова на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија вложува во унапредување на својата инфраструктура, а овие денови стартуваше реконструкцијата на првиот терен во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

На овој терен ќе биде поставена целосно нова тревна подлога со современ систем за дренажа, со што ќе се создадат многу подобри услови за работа на националните селекции и младинските категории. Дополнително, федерацијата веќе уреди нов паркинг простор и го олесни пристапот до трибините на вториот терен зад главната зграда на ФФМ.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, преку видео објава на социјалните мрежи го најави проектот и истакна дека обновата е дел од пошироката стратегија за создавање современи услови за развој на македонскиот фудбал.

Тренинг центарот „Петар Милошевски“ е база за подготовка на сите репрезентативни селекции и важи за едно од клучните места каде што се гради иднината на македонските фудбалери.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Некатегоризирано

На 10. мај, кошаркарскиот караван пристигнува во Тетово

Кошаркарската федерација на Македонија овој викенд ја продолжува сезоната на М12 каравани...

Некатегоризирано

Работнички со интернационално засилување во одбраната

Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со кадровско екипирање во пресрет на продолжението од...

НекатегоризираноРакомет

Крсманчиќ не е повеќе дел од ГРК Охрид

Ракометниот клуб Охрид влегува во продолжението од сезоната со промени во играчкиот...

Некатегоризирано

Јанта Волеј ја заврши европската авантура во ЛШ, продолжува во ЦЕВ Купот

Македонскиот шампион Јанта Волеј ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!