Некатегоризирано

Работнички со интернационално засилување во одбраната

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со кадровско екипирање во пресрет на продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, во која клубот од Дебар Маало го очекува жестока борба за опстанок.

Нов член на „романтичарите“ е 25-годишниот Џастин Крантове, дефанзивец кој ќе ја зајакне централната линија на одбраната. Крантове пристигнува од словачкиот клуб Тренчин, а во кариерата има настапувано во повеќе европски првенства, меѓу кои Холандија, Англија, Кипар и Словачка.

Клубот веќе официјално го претстави новото засилување, од кое се очекува стабилност и цврстина во дефанзивната линија во продолжението од шампионатот. Крантове ќе конкурира за место во тимот заедно со искусните Егзон Белица и Никола Пејовиќ.


Работнички вториот дел од сезоната ќе го отвори со натпревар против Пелистер, закажан за 12 февруари, дуел кој може да биде исклучително важен во битката за прволигашки статус.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Некатегоризирано

На 10. мај, кошаркарскиот караван пристигнува во Тетово

Кошаркарската федерација на Македонија овој викенд ја продолжува сезоната на М12 каравани...

НекатегоризираноРакомет

Крсманчиќ не е повеќе дел од ГРК Охрид

Ракометниот клуб Охрид влегува во продолжението од сезоната со промени во играчкиот...

Некатегоризирано

Јанта Волеј ја заврши европската авантура во ЛШ, продолжува во ЦЕВ Купот

Македонскиот шампион Јанта Волеј ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на...

Некатегоризирано

ВИДЕО: ФФМ започна со голема обнова на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Фудбалската федерација на Македонија вложува во унапредување на својата инфраструктура, а овие...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!