Кошаркарската федерација на Македонија овој викенд ја продолжува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.
А наредната станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Тетово, новиот дел од проектот е предвиден за 10. мај, ќе биде реализиран во спортската сала „Економско“ како уште една од неколкуте предвидени локации во оваа натпреварувачка сезона.
А почетокот на уште едно дружење на најмладите кошаркари и кошаркарки во рамките на караванот, е закажано за 11.00 часот.
Кои се целите на кошаркарските каравани?
Пред се, поттикнување на љубовта кон кошарката и фер-плејот.
Секако, развој преку игра и забава, без резултатски притисок, но и вмрежување на младите кошаркари и размена на искуства меѓу тренерите, и тоа како потребни во кошаркарското напредување на овие најмлaди возрасни категории.
Она што треба да се знае е дека:
– Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет (4 х 8 минути, односно ФИБА „Бам пасарела“ правило
– Првите две четвртини се играат со цел состав – првата петорка игра цела прва четвртина (две замени), втората петорка цела втора четвртина (две замени),
– Без резултат, со судии назначени од Кошакарската федерација на Македонија), и со минимум десет играчи по тим, но не повеќе од 15 играчи, на возраст, односно родени 2014 година или помлади.
МИНИ БАСКЕТ КАРАВАН – ТЕТОВО 2026
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
време натпревар терен
11.00: Шарпланински рисови – Тетекс ТТК 2
11.00: Водно санс – Тетекс ТТК
11.00: Љуботен – ИБА баскет
11.45: Ангели – МКК Куманово
11.45: Феникс 2010 – Овче Поле
11.45: Вардар – Тиквеш
12.30: Црн Дрим – Дино баскет
12.30: Гостивар 2 – Винеам
12.30: Албатроси – Патриот 2016
13.15: Пониква – Кожув
13.15: Патриот 2016 (ж) – Пониква (ж)
13.15: Баскет кам (ж) – Гостивар (ж)
14.00: Дино баскет (ж) – Спорт тим (ж)
14.00: Овче Поле – Водно Санс
14.00: ИБА баскет – Шарпланински рисови
14.45: Тиквеш – Феникс 2010
14.45: Кожув – Ангели
14.45: Љуботен – МКК Куманово
15.30: Црн Дрим – Албатроси
15.30: Винеам – Вардар
15.30: Гостивар 2 – Пониква
16.15: Албатроси – Тетекс ТТК
16.15: Тетекс ТТК 2 – Дино баскет
16.15: Овче Поле – Патриот 2016
17.00: Тетекс ТТК (ж) – Дино баскет (ж)
17.00: Спорт тим (ж) – Пониква (ж)
17.00: Баскет кам (ж) – Патриот 2016 (ж)
17.45: Тетекс ТТК 2 (ж) – Гостивар (ж)