Прва лигаФудбал

Шкупи пронајде стадионот за да го одигра натпреварот со Работнички

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, поради сериозните инциденти што се случија на натпреварот од 7. коло меѓу Шкупи и Македонија ЃП. Дел од домашната навивачка група запали и фрли факели на теренот и кон делот каде што беше сместена ТВ-продукцијата, при што беше предизвикана материјална штета на опремата на Македонската телевизија. Дополнително, беше запален и банер на гостинската навивачка група „Лавови“.

И покрај реакциите на службите и делегатот на натпреварот, одговорните лица на клубот не презеле мерки за спречување на дополнителни инциденти. Македонската телевизија соопшти дека нема да врши преноси од стадионот во Чаир сè додека не се создадат безбедни услови за работа, а против Шкупи е покрената дисциплинска постапка која ќе ја води Дисциплинската комисија на ФФМ.

Поради суспензијата, „чаирчани“ беа принудени да бараат алтернативен терен, па така претстојниот натпревар со Работнички од 9. коло ќе го одиграат во Струга. Дуелот е закажан за сабота од 15 часот.

Ова е уште еден удар за Шкупи, кој минува низ најтешкиот старт на сезона во последната деценија. Тимот по осум кола има осум порази, без освоен бод, и се наоѓа на дното од табелата. Притисокот е огромен за да се прекине црната серија, но и Работнички влегува во мечот со сопствени проблеми, бидејќи и „романтичарите“ се далеку од очекуваното ниво.

Саботниот дуел во Струга носи голема доза неизвесност – за едниот тим како борба за излез од кризата без победа, а за другиот како можност да покаже дека има капацитет да се врати на вистинскиот пат.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Максути од пенал во 93. минута го реши дербито: Љуботен на „плус четири“ пред Скопје

Љуботен со гол од пенал во судиското продолжение го доби дербито против...

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!