Ракомет

Андоновски: Потполно заслужено Младост го доби дербито со Вардар Неготино!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Младост од Богданци го доби дербито со Вардар Неготино со резултат од 31:28 во рамки на 3. коло од Првата ракометна лига, тренерот на Младост, Горан Андоновски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека потполно заслужено го добиле мечот.

Како што вели стратегот од Охрид, уверен е дека после победата на Вардар од Неготино ќе имаат уште подобри натпревари во Првата лига.

„Прв дерби натпревар за нас на домашен терен и нормално дека важноста на натпреварот придонесе да играме во мал грч на почетокот на натпреварот, меѓутоа на крајот на прво полувреме направивме разлика со 16:12. Мислам дека потполно заслужено го добивме натпреварот бидејќи во 45 минути после 15-тата минута ние бевме во предност и дека победата не дојде во прашање. Уверен сум и сигурен сум дека после ова победа ќе имаме уште подобри натпревари во Првата лига“, изјави тренерот Горан Андоновски во изјава за Спортска Мрежа.

Во следното коло Младост ќе гостува кај Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските биатлонци ги започнаа подготовките, следуваат настапи на европската сцена

Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа во моментов се наоѓа во Обертилијах, Австрија, каде што ја темпира...

Останато

55. „Златен гонг“ успешно реализиран, три бронзи за македонските боксери

Јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ успешно се одржа од 13 до 15 ноември во салата „Расадник“ во скопската општина...

Поврзани написи
Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во...

Ракомет

Охрид сигурен во Кавадарци – убедлива победа пред европскиот предизвик!

ГРК Охрид продолжува со победничкиот ритам во домашното првенство. „Гладијаторите“ на гостувањето...

Ракомет

Вардар Неготино како „експресен воз“ го „прегази“ Радовиш, Македонија Ѓорче Петров со голема победа го „тресна“ Пролет

Деветтото коло од Првата ракометна лига во машка конкуренција донесе пет гостински...

Ракомет

Сите патишта водат кон „Млаз“ – Богданци и целиот Југоисток се обединуваат за првата победа на Младост!

Во сабота, Богданци повторно ќе живее за ракометот! Легендарната сала „Млаз“ се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!