Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа Валандово пред 1.000 гледачи го доби дербито со Овче Поле, струмичкото дерби за Турново

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Победа Валандово продолжува со одличната форма, откако денеска на Градскиот стадион во Валандово пред околу 1.000 гледачи славеше со 3:1 во дербито на 4. коло од Трета лига – Исток против Овче Поле Свети Николе.

Гостите поведоа во 30. минута преку Тоше Манов, но нивната радост траеше само три минути – Филип Зајков израмни на 1:1 и со тој резултат се замина на пауза. На стартот од вториот дел Ристо Миленковиќ донесе целосен пресврт и водство од 2:1 за домаќините, а во 82. минута Елдан Шата ги постави конечните 3:1, со што Андреј Арсовски по трет пат капитулираше на голот на Овче Поле.

Атмосферата во Валандово беше за чиста десетка. Поддржани од верните „Калинкари“, фудбалерите на Победа покажаа дека летните подготовки, кои започнаа речиси паралелно со оние на прволигашите, носат резултат и на терен.

ФОТО: Спортска Мрежа | Победа Валандово – Овче Поле

Во струмичкото дерби, пак, Хоризонт Турново славеше победа од 2:3 на гости кај Тиверија. Горан Стојанов уште во 9. минута донесе предност за Турново, а во вториот дел Дениз Арифовски (51’) и капитенот Дејан Блажевски (71’) зголемија на убедливи 0:3.

Сепак, Тиверија не се предаде. Андон Шилинов намали на 1:3 во 80. минута, а во 95. минута Ристе Каралијски постигна гол за конечни 2:3 и малку да ја ублажи болката од поразот.


Драматичен меч се одигра и во Делчево, каде Брегалница со два гола на Јован Дојчинов во последните две минути славеше против Рудар со 2:1. Димитар Герасимов во 36. минута донесе водство за гостите, кое Рудар го чуваше сè до самиот финиш. Но, во 89. и 90. минута Дојчинов двапати стрелаше – вториот гол од пенал – за голем пресврт и славје на Брегалница.

Најубедливата победа ја запиша Ударник, кој на свој терен во Пирава го совлада Светлост Зрновци со високи 7:2. Домашниот тим на полувреме замина со предност од 2:1, а во вториот дел Андреј Спасиќ и Димитар Јанев со по два погоди целосно го решија победникот.

Карбинци исто така славеше убедливо – со 3:0 против Дојранско Езеро. Мирче Натков (9’) и Марио Атанасовски (27’) го донесоа водството уште во првиот дел, а истиот Атанасовски во 70. минута го постави конечниот резултат.

Во ова коло слободна беше екипата на Малеш од Берово.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 🔼 3 3 0 0 15 5 +10 9
2 ФК ПОБЕДА Валандово 🔼 3 3 0 0 9 2 +7 9
3 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 🔽 4 3 0 1 10 4 +6 9
4 ФК КАРБИНЦИ 🔼 4 2 1 1 6 3 +3 7
5 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 🔽 4 2 1 1 5 4 +1 7
6 ФК УДАРНИК 🔼 3 2 0 1 9 6 +3 6
7 ФК Брегалница 1926 ➖ 4 2 0 2 7 8 -1 6
8 ФК ТИВЕРИЈА ➖ 4 1 0 3 4 7 -3 3
9 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО ➖ 4 1 0 3 4 9 -5 3
10 ОФК МАЛЕШ 🔼 3 0 0 3 3 13 -10 0
11 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 🔽 4 0 0 4 4 15 -11 0

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија доби трибини

Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија, каде традиционално се одржува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, за првпат доби трибини, со што...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Ѓорѓе Стојчев ја имаше првата прозивка. Тимот се...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот...

Втора лигаФудбал

БОМБА ВО ОХРИД: Горан Силјановски – Шаро за „рибарите“ – се гради тим за Прва лига!

ГФК Охрид Лихнидос продолжува да го засилува играчкиот кадар со јасна цел...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими се засили со Матео Софијаноски

Прволигашот Арсими го претстави дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски како најново...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс се подготвува во Кратово за реваншот против Динамо Минск

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува да се подготвува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!