Останато

Шампионот Струмица сезоната ја отвара против Јанта Волеј, Штип УГД против Сушево

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа состанок на клубовите од Првата лига – мажи, на кој беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви во пресрет на новата сезона 2025/26.

Прволигашкото друштво годинава ќе брои 12 екипи, откако Вардар 1947 не поднесе пријава за настап во најсилната машка конкуренција.

Ждрепката донесе интересни дуели уште во првото коло. Актуелниот шампион Струмица 47&72 на домашен терен ќе ја започне одбраната на титулата против Јанта Волеј, додека носителот на Купот и финалистот од минатогодишниот плеј-оф, Штип УГД, ќе му гостува на Сушево 1978.

Првото коло носи и два градски дерби дуели – Работнички 71&22 ќе го пречека Скопје, а Универзитет во Тетово ќе се соочи со амбициозната Шкендија. Во останатите натпревари, ГОК Борец ќе биде домаќин на Лирија, а Весна Пробиштип ќе игра против Македонија Џио.

Според пропозициите, првиот дел од сезоната ќе се игра по еднокружен систем со 11 натпревари. По завршувањето, првите шест тима ќе се пласираат во плеј-оф фазата, каде ќе ги пренесат бодовите и ќе играат двокружно. Првите четири потоа ќе обезбедат пласман во полуфиналето и битка за шампионскиот пехар. Екипите од 7. до 12. позиција ќе продолжат во плеј-аут фазата, каде ќе се борат за опстанок.

Новата сезона ќе започне на 25 октомври, а календарот е усогласен со ФИВБ и ЦЕВ, поради одржувањето на Светското првенство 2025 и Европското првенство 2026.

Прва лига – мажи, 1. коло:

  • Работнички 71&22 – Скопје

  • ГОК Борец – Лирија

  • Струмица 47&72 – Јанта Волеј

  • Универзитет во Тетово – Шкендија

  • Весна Пробиштип – Македонија Џио

  • Сушево 1978 – Штип УГД

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот...

Ракомет

Познати екипи кои ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!