Останато

Одбраната на титулата за Јанта Волеј КВ започнува во Битола

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Новата сезона во Првата женска одбојкарска лига ќе започне на 11 октомври, а ждрепката на натпреварувачките броеви ги одреди двојките за првото коло, кое носи дерби уште на самиот старт.

Актуелниот шампион Јанта Волеј КВ одбраната на титулата ќе ја започне на гостински терен во Битола, каде ќе се соочи со новиот прволигаш Пелистер Волеј.

Освојувачот на Купот на Македонија, Наковски Волеј, сезоната ќе ја отвори дома против уште еден дебитант во елитата – Газели Волеј. Финалистот од минатогодишниот плеј-оф, Работнички Скопје, пак, на премиерата ќе се сретне со амбициозната екипа на Струмица жени.

Првото коло ќе го комплетираат дуелите Ускана Волеј – Вардар ЕМ и Младост УГД – Фит Фан Волеј.

Според пропозициите, лигата ќе се игра во двокружен систем, по што првите осум екипи ќе продолжат во плеј-оф фазата. Таму се игра четвртфинале во два добиени натпревари, а потоа следуваат полуфиналињата и големото финале за титулата. Деветтопласираната екипа ќе игра бараж за опстанок со второпласираниот тим од Втората лига – жени, додека последната екипа директно се сели во понизок ранг.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ, 2025/26, 1. коло:

  • Пелистер Волеј – Јанта Волеј КВ

  • Ускана Волеј – Вардар ЕМ

  • Наковски Волеј – Газели Волеј

  • Младост УГД – Фит Фан Волеј

  • Работнички Скопје – Струмица жени

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!