Останато

Четири нови клубови ќе настапуваат во Втората лига – жени

Сподели
Сподели

Македонската одбојкарска федерација го потврди составот на Втората лига – жени за новата сезона 2025/26, која ќе започне на 11 октомври. Натпреварувањето ќе брои 13 екипи, а лигата е збогатена со четири нови клубови – Шкупи од Скопје, Ново Село од истоименото место, како и Виола Волеј и ГОК Борец од Велес.

Ждрепката за натпреварувачките броеви го одреди и распоредот за премиерното коло. Дебитантот Шкупи е слободен во првото коло, додека Ново Село ќе го има своето деби пред своја публика против Вардар жени 2019. ГОК Борец исто така стартува дома против Македонија Макс, а Форца Волеј ЕМА ќе го пречека ЖОК Куманово. Виола Волеј ќе ги одмери силите со Виктори Волеј, Бами Кор ќе се соочи со Фламинго Волеј, а Универзитет во Тетово ќе игра против Јанта Волеј Бутел.

Според пропозициите, лигата ќе се игра во двокружен систем, со вкупно 26 кола (24 натпревари по тим). Најдобро пласираната екипа директно обезбедува промоција во Првата лига – жени за сезоната 2026/27, додека второпласираниот тим ќе игра бараж против деветтопласираната екипа од елитната конкуренција.

ВТОРА ЛИГА – ЖЕНИ, 2025/26 ПРВО КОЛО

Ново Село – Вардар жени 2019

ГОК Борец – Македонија Макс

Форца Волеј ЕМА – ЖОК Куманово

Виола Волеј – Виктори Волеј

Бами Кор – Фламинго Волеј

Универзитет во Тетово – Јанта Волеј Бутел

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!